Деветгодишно девојче го обвинува својот учител за сексуално вознемирување во селото Чиута, Романија.
Откако таа му се пожалила на нејзиниот татко, тој се упатил кон училиштето и го претепал нејзиниот наставник, не знаејќи дека тоа е погрешен човек.
Наводно, девојчето билао малтретирано од наставник кој предава англиски јазик, пишува Обсервер.Кога девојчето се пожалило дека повеќе не сака да оди на училиште, родителите сакале да ја дознаат причината.
Кога дознале што се случува, таткото веднаш се упатил кон одделението и го претепал нејзиниот учител.Мажот мислел дека го претепал човекот кој го малтретирал неговото дете.
Но на крајот се испоставило дека не бил тој и дека претепаниот наставник не знаел ништо за наводното сексуално вознемирување.
Целиот случај е пријавен во полиција и во моментов е во тек истрага за силувањето, пренесува медиумот.
„Полицијата била известена за конфликтот во образовната институција помеѓу татко на ученичка и наставник поради сексуална злоупотреба.
Полицијата веднаш по пријавата излегла на местото на настанот, а како што е соопштено, малтретирањето се случило од септември 2022 година до септември 2023 година“, рече Ане Мари Врапкуи, портпарол на полицијата во Бузау.
Исто така, противтужба поднел и професорот по англиски јазик поради физичкиот напад врз него од страна на таткото на ученикот.