Добра вест за пушачите: Цигарите не поскапуваат од утре

Не е точно дека од утре ќе поскапат цигарите за пет денари, потврдуваат за Фактор упатени извори. 

Она што е факт дека од утре стапува во сила одлуката за промена на акцизата, но поскапувањето нема да се случи сега, туку од први јануари идната година. 

Наши извори велат дека станува збор за недоразбирање во толкувањето на законските измени, поради што и дошло до некои медиумски објави за наводно поскапување на цигарите од утрешниот ден.

Се очекува надлежните набргу да излезат и со прецизни информации во текот на денот со соопштение. 

Инаку, всушност во членот кој се додава со Измените на Законот за акцизите, кој од Собранието е донесен на 3 октомври годинава, односно член 124- а, се наведува дека од први јануари 2024 година заклучно со први јануари 2030 година, износот на специфичната и минималната акциза на цигарите од член 84-а (став 1) од овој закон се зголемуваат за 0,23 денари по парче на први јануари, секоја година.

На први јануари 2024 година износот на специфичната акциза на пури од член 85-а (став 1) од овој Закон, се големува за 4 денари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде