ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Еден фудбалер загина, уште тројца се борат за живот – Тешка сообраќајна несреќа во Русија
Евгени Ситников, фудбалерот на Уралец клуб кој се натпреварува во втората руска дивизија (трето по ранг натпреварување во Русија) го загубил животот во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Перм – Екатеринбург.
Како што пренесуваат руските медиуми, 33-годиниот фудбалер со тројца свои колеги се враќал дома за викендот.
Неговиот колега Кирил Кочетов се наоѓа во тешка состојба во болница, како и уште двајца неименувани фудбалери кои се здобиле со повреди, но се надвор од животна опасност.
Зад несреќниот Ситников останаа неговата сопруга Алена и малолетниот син.