Ноќта меѓу 28 и 29 октомври стрелките на часовникот ќе треба да се поместат за 1 час назад.
Зимското сметање на времето секогаш почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март.
Поместувањето на стрелките во Западна Европа е воведено во почетокот на 1970-тие години со образложение дека со тоа се „продолжува“ денот,
се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, се подобрува приспособувањето на луѓето и работниот ден го прави поефикасен.