ДРАМА: Битиќи се налути и ја напушти прес конференцијата

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ја напушти денешната заедничка прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски,

откако еден од новинарите го праша премиерот што мисли за сценариото највисоките државни функции да ѝ припаднат на ДУИ доколку не бидат успешни претседателските избори.

„Во случај на неуспешни претседателски избори, дали сте подготвени да прифатите дека државата останува во рацете на ДУИ со тоа што ќе биде назначен Албанец за премиер, а функцијата шеф на државата ќе му припадне на собранискиот спикер Талат Џафери?“

Вака гласеше новинарското прашање на коешто Битиќи веднаш реагираше:

– Јас мислам дека не треба да стојам тука на вакви прашања – рече Битиќи и ја напушти прес-конференцијата.

Камерите го снимија вицепремиерот како нервозно се качува во автомобил и без поздрав го напушта местото.

Ковачевски, пак, оцени дека новинарското прашање било „апсолутно некоректно“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде