Кој на стадион во Тирана, кој на плоштад во Тетово или во Скопје, и власт и опозиција од албанскиот блок синоќа ја прослави големата победа на Албанија над Чешка од 3-0 со која националниот тим на нашиот сосед се најде пред пласман на Европското првенство 2024.
Првиот вицепремиер во македонската Влада, Артан Груби го следеше натпреварот на стадионот „Ер Албанија“ заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши,
пратеникот Арбер Адеми и поранешниот прв човек на ФК Шкупи, Омер Буњаку кој сега е директор на албанскиот клуб Балкани
На трибините се најдоа и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу и Изет Меџити, функционер на ДУИ кој се одметна и формираше нова албанска партија пред два месеци.
Градоначалникот на Тетово пак, Билал Касами од Движењето БЕСА на социјалните мрежи споделуваше видеа од головите на Албанија и од плоштадот каде што граѓаните организирано го следеа фудбалскиот натпревар.
Министри во владата и градоначалници на општините во Македонија кои доаѓаат од албанските партии речиси никогаш не можат да се забележат на натпреварите на македонската фудбалска репрезентација или на било која национална селекција во кошарка, ракомет или одбојка, но можат да се видат на стадионот во Тирана кога националниот тим на Албанија.