Седум загинати, многу повредени меѓу кои и деца, возачот бегал од полицијата: СТРАШНА СООБРАЌАЈКА КАЈ МИНХЕН

Најмалку седум лица загинаа, а многумина се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи во петокот околу 03:15 часот на автопатот А94 во Баварија.

Според првите сознанија на полицијата, во несреќата учествувало возило на шверцер, пишува faz.net.

Во комбето Мерцедес Вито со девет седишта најверојатно имало повеќе од 20 бегалци, меѓу кои и деца.

Патрола на федералната полиција го забележала возилото околу три часот таа ноќ.

– Возачот на мерцедесот го забрзал возилото за да ја избегне контролата – се вели во полициското соопштение.

На раскрсницата Ампфинг/Валдкрајбург, возачот изгубил контрола над возилото, кое потоа неколку пати се превртело.

Седум лица загинаа, а сите други се полесно повредени и се префрлени во блиските болници. Меѓу повредените има и деца.

Автопатот во правец на Минхен е целосно затворен, соопшти полицијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде