-Три лица се повредени, од кои еден потешко, во сообраќајната несреќа што се случила вчера на патот Струмица-Радовиш, на делницата меѓу селата Владевци и Радичево.
Како што сооштија од СВР Струмица, во несреќата учествувале камион-влекач со полуприколка „волво“ со струмички регистарски ознаки,
управуван од В.Н. (60) од Струмица и автомобил „хонда“ со радовишки регистарски таблички управуван од Љ.И. (46) од село Восилавци, радовишко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од патничкото возило „хонда“, Д.И.(42) од село Воиславци, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Медицински центар Струмица.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица.