Десетгодишно дете вчера попладне било прегазено на познатата улица „Пластичарска“ во Скопје.
Возачот кој го удрил детето избегал од местото на несреќата.
Детето било пренесено во Ургентен Центар-Скопје каде била констатирана смрт.
По несреќата, полицијата уапсила дваесет и едногодишно момче осомничено дека ја предизвикало сообраќајката.
Во 16.47 ч. на бул.„Никола Карев“ во Скопје патничко возило „Мерцедес“ удрило во малолетник, по што возилото го напуштило местото на настанот.
Малолетникот е пренесен во УЦ-Скопје, каде била констатирана смрт.
По кратко време, полициски службеници го пронашле возилото и возачот З.Ш. (21), кој е приведен, објавија од МВР.