Еве го Црвениот ни Бранко, повторно во негов стил на општи места, демагогии, приказни за мали деца: “постепено да сме ги користеле фондовите од заедничкиот пазар на Европа”, и бла, бла, бла… па уште ни вели Црвениот:
“да сме се ослободеле од најголемото зло – корупцијата; и да сме се бореле за владеење на правото”, и бла, бла, бла…
Бате Бране, единствена борба која е вредна е следната: 1.) бришење на национализмот од правниот систем на Републиката;
2.) Кривична одговорност за сите оние кои шират расна, верска и етничка омраза кон Други, кон различни, кон малцинства.
Ова кога ќе се реши и стане норма во земјата, тогаш ќе биде Северна Македонија мајка и татко на еднаквоправни и еднаквовредни граѓани.
Ерго (читај, точка)! Се’ друго е шиемигаѓуро.