Доктор Нино Беќаровски жестоко распали: „Општинските татковци” и „мајката на градот” чекаат дождот да им ја заврши работата

Доктор Нико Беќаровски со остра критика за состојбите во главниот град на Македонија.

Тој се осврна последно на прашината во метрополата, и на потребата повторно да се обнови миењето улици во главниот град. 

– Со само едночасовна прошетка низ скопските улици и тротоари ќе проголтате повеќе прашина отколку за една недела во Кападокија или Сахара.

“Општинските татковци” и “мајката на градот” очигледно повторно чекаат дождот да им ја заврши работата за која се избрани.

Поздрав од пола милион “скопски сирачиња” кои секој ден безмилосно ги труете.

П.С. Колку да знаете и Пепелашка ги дочека своите пет минути. – напиша Беќаровски на Фејсбук. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде