Премиерот Димитар Ковачевски денеска јавно упати прашање до лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски колку пати тој и членови на партиското реководство во последниот период барале и имале средби со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со високи претставници на оваа партија.
„Истите тие партии коишто сега се прават лавови, 11 години беа како мачиња во коалиција со истата таа политичка партија ДУИ за која што денеска зборуваат.
И за крај би сакал да ве поттикнам и да прашам, а може и вие да прашате дали лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и членови на нејзиното високо раководство и колку пати во последните шест месеци барале и
оствариле средби со лидерот и високи функционери на ДУИ и на тие состаноци доколку ги имале за што разговарале?“, јавно праша денеска Ковачевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прашањето одговори од Штип каде денеска беше во теренска посета во рамките на партиската кампања „Важно е! Од тебе зависат промените!“.
Тој рече дека немал ниту една средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ниту има намера да бара.