Најдобро е Никола Груевски да биде во Северна Македонија, од безбедносен аспект, бидејќи станува збор за човек кој знае се за земјава, а е во друга држава, изјави за ТВ 21 министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Од политички аспект, има едно прашање кое знам дека ќе се злоупотреби, но од безбедносен аспект да имате премиер кој ви бил премиер 10 години
и ги имал сите информации за државата, а е во рацете на друга држава тоа не е паметно за било која држава, рече Османи.
Тој за ТВ 21 додаде дека нема иницијатива Груевски да се врати.
-Најдобро е да е овде и да се справува со судските процеси што ги има. Тоа би било најдобро решение.
Затоа ова го кажувам повеќе аналитички но целата оваа фама околу некаква комуникација е тој психолошки страв што ние не го разбираме, додаде министерот.