На 37-годишна возраст, Надежда Алењова, угледна спортистка од Русија, почина на страшен начин.
Таа додека се искачувала на планината Даулгари во Непал, висока 8.167 метри, паднала во амбис длабок околу 500 метри, објави агенцијата „РИА Новости“.
Несреќата се случи вчера, на 14 октомври, кога на спасувачите им било кажано да се обидат да ја најдат и ако по некое чудо е жива, да ја спасат.
Меѓутоа, поради густата магла, операцијата за пребарување и спасување започнала со хеликоптер дури денеска, еден ден по падот.
Руската агенција денеска објави дека „чудо сепак не се случило“.
Како што потврди и селекторот на репрезентацијата, денеска е пронајдено безживотното тело на Надежда Алењова, со што згасна и последната надеж дека легендата на рускиот алпинизам некако ја преживеала несреќата во Непал.