Во сообраќајна несреќа, што се случила утрово на патот Скадар-Коплик, во северниот дел на Албанија, македонски државјанин со своето возило усмртил пешак.
– Лицето Е.И.(24) жител на Гостивар, Северна Македонија со своето возило удрил во пешакот М.П.(77) од село Омарај, Голема Малесија.
Како последица од здобиените повреди пешакот починал, соопшти полицијата.
Сообраќајната несреќа се случила околу 5:40 часот во близина на селото Омарај.
Возачот на автомобилот е приведен во Полицискиот комесаријат во Скадар.
Увидот треба да ја утврди причината за несреќата.