Најнова вест: Снегот вечерва пристигна на Балканот!

Под влијание на студен и влажен воздушен бран од север, во следните часови на Балканскиот Полуостров температурите драстично ќе се намалат, и за повеќе од 10 степени.

Сето ова ќе биде проследено со силен северен ветер, на Јадранот силна Бура, а ќе има и врнежи од дожд. Со заладувањето, на планините над 1600, 1700 м.н.в се очекуваат  и првите снегулки за оваа сезона.

Овој бран во Македонија ќе пристигне ноќта недела кон понеделник и ќе донесе засилен северен ветер, локални врнежи од дожд и нагло заладување на времето, односно температурите од понеделник ќе се намалат за 8 до 10 степени во споредба со сегашните, понекаде и за повеќе од 10 степени. 

Не се исклучува можноста на највисоките планински врвови и во Македонија да провее по некоја снегулка.

Следната седмица ќе биде многу променлива, повремено ќе има и врнежи, особено во понеделник претпладне и во вторник во текот на целиот ден.

Во понеделник температурите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени, а уште постудено ќе биде во вторник кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени.

Сепак од средината на следната седмица повторно се враќа значително потоплото време, односно ќе имаме сеуште потопли денови, и покрај оваа голема и нагла промена на времето која ни следува.

Пристигна снегот на планините на Балканот! Кредарица,Словенија сега! Снежната граница ќе се спушта, објави вечерва Славчо Попоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде