Познати детали: Полиција влегле во домот на Војче и го пронашле безживотното тело

Почина познатиот хуморист, сатиричар и имитатор Војче Китановски (68).

Негови колеги и пријатели се збогуваат со него на социјалните мрежи, и се уште нема официјални податоци околу тоа што се случило.

Сепак, како што за ,,Фокус” изјави неговата пријателка фолк пејачката Вики Среброва, од она кое засега го знаат е дека денеска полиција отворила во неговиот дом и го пронашле безживотното тело.

Како што вели, најверојатно причината за смртта е инфаркт, и не се знае дали Китановски починал во петокот или во саботата.

Хумористот зад себе имаше над 50-годишна кариера. Роден е во 1955 година во селото Крапа, Македонски Брод, за кое често знаеше да каже дека е најубавото место на светот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде