Земјотрес со интензитет од 6,5 степени го погоди денеска западен Авганистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот бил на 36 километри северно од градот Херат, каде живеат околу 272 илјади луѓе.
Длабочината на земјотресот е десет километри.
Засега нема информации за жртви или штети, додаваат од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.