Почина американската актерка Пајпер Лори, јавува Си-Ен-Ен.
“Лори веќе некое време не се чувствува добро. Ќе остане запаметена како врвна актерка од нејзината генерација и прекрасно битие”, изјавила за медиумите портпаролката на актерката Марион Розенберг.
Лори почина во саботата во Лос Анџелес, а причината за смртта се уште не е потврдена.
Инаку, Пајпер Лори е најпозната по улогите во филмовите „The Hustler“ и „Carrie“ и серијата „Twin Peaks“. Таа ја освои наградата Еми во 1987 година и три пати беше номинирана за Оскар.
Кариерата ја започнала во 1950 година, а потоа направила долга пауза од Холивуд бидејќи била разочарана од начинот на кој индустријата ја третирала како млада актерка.
Исто така, таа еднаш изјави дека е разочарана од едноставноста на женските улоги кои и биле понудени. Кога повторно се појави на сцената, Лори повторно се етаблираше преку впечатливите женски ликови.