ТРАГЕДИЈА: Автомобил удрил во човек, пешакот починал на лице место

На 14.10.2023 околу 19.00 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистрален пат Кичево-Охрид, во нас.Горица,

патничко возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од М.М.(36) од с.Другово,. кичевско, удрило во пешакот Р.Д.(61) од с.Могорче, дебарско.

Од здобиените повреди, Р.Д. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Кичево.

Увид на местото извршиле екипа на Полициската станица Кичево и јавен обвинител,

по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде