Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ пееше на свадбата на синот на Сашo Мијалков, поранешниот шеф на македонската контраразузнавачка служба.
Постариот син на Сашо и Сандра, Јордан пред неколку дена се венчаше во манастирот „Јован Бигорски“ со неговата сопруга Анастасија, а во петокот направија забава во познат скопски хотел.
Цеца покрај своите хитови ја отпеа и песната „Македонско девојче“ која ги воодушеви гостите.
На свадбата настапи и Тимати, најпознатиот руски рапер кој има 20 милиони следбеници на Инстаграм.
Српските медиуми наведуваат дека Мијалкови приредиле свадба за паметење.
На свадбата се појавиле и други ѕвезди меѓу кои и Милица Павловиќ.