Жена се фрлила во езерото, полицаец скокнал по неа и ја спасил

Вчера (14.10) во 21.15 часот во ОВР Крушево било пријавено дека 68-годишна жена сака да се фрли во езерото во близина на Крушево.

Полициски службеници се упатиле кон езерото и ја затекнале жената кога скокнала во езерото.

Веднаш полицискиот службеник од полициската станица од општа надлежност Крушево,

Н.П. скокнал во езерото по неа и ја спасил, по што е пренесена во Здравствен дом Крушево.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде