„Ако го направат тоа ќе сонуваат за 10 пратеници“ – Дали СДСМ и ДУИ се спремни да направат и уставна криза?

Поранешната пратеничка, Солза Грчева смета дека владејачките СДСМ и ДУИ се подготвени да наорават уставна криза само да не успее опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„ СДС и ДУИ се спремни да направат и уставна криза со неизлегување на претседателските избори, само да не успее опозицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ.

Државата во тој случај останува целосно во рацете на ДУИ. Но, прашувам каков е тој Устав кој не дава точен термин за повторување на претседателските избори?

На сигурните губитници им советувам да не одат на вакво валкано сценарио, бидејќи на парламентарните избори, токму поради тоа, македонскиот ( и други народи) ќе ги прегази како шлепер, жаба.

Ќе сонуваат за 10 пратеници“, напиша таа на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде