Летај високо, сестро…Беше премногу напредна за овој свет и една од најубавите жени“ – на само 27 години почина поранешната мис на Уругвај

Шерика Де Армас, поранешна мис на Уругвај, која ја претставуваше својата земја на изборот за Мис на светот, почина на 27-годишна возраст по тешка битка со ракот на матката.

– Летај високо, сестро. Секогаш и засекогаш – напиша нејзиниот брат Мајк Де Армас на социјалните мрежи.

– Беше премногу напредна за овој свет и една од најубавите жени што сум ги запознала во животот – изјави актуелната мис на Уругвај Карла Ромеро.

Шарика настапила на светскиот натпревар во 2015 година кога имала само 18 години.

Убавата Уругвајка се занимавала и со хуманитарна работа, а посебно внимание посветила на организацијата „Pérez Scremini Foundation“ која се занимава со деца болни од рак, пренесува „Showbuzz“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде