Во Хрватска и Словенија снег, можно е да заврне и во Македонија

Метеоролозите најавија дека постои можност да падне снег на највисоките планини, но, генерално, никој не очекуваше дека навистина ќе падне. Првиот снег во хрватска падна на Платко, односно на врвот Радешево.

Државниот хидрометеоролошки завод за денес најавува делумно, во централните и источните предели и претежно сончево. На југ до утро се уште може да има малку дожд, а претпладне можна е магла во внатрешноста.

Кон крајот на денот на Јадранот ќе се зголеми облачноста. На копно дува генерално слаб ветер, на Јадранот во ноќните часови и претпладне силно невреме со бурни налети, а потоа постепено слабеење.

Најниската утринска температура на воздухот од 2 до 7, на Јадранот од 11 до 16. Највисоката дневна температура претежно од 10 до 15, на Јадранот од 17 до 22 °C.

Снег падна и во Словенија

Снег вчера падна и во Словенија каде ја побеле Кредарица која се наоѓа на 2.541 метар надморска височина.

Не се исклучува можноста на највисоките планински врвови и во Македонија да провее по некоја снегулка.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде