Вицепремиерот Битиќи најави законско решение со кое ќе се изврши корекција на Законот за плади за избрани и именувани лица со цел како
што рече носење поправедно решение со кое би се ослободиле средства кои ќе бидат наменети за антикризни мерки за најранливите катерогии.
Ваквата одлука дошла откако Владата донела одлука со која се задолжени четири министри да оформат нови антикризни мерки.
Битиќи во гостување на 24 Вести рече дека со пренамената на буџетот ќе има нови околу 70 милиони евра за нови антикризни мерки и дека за неколку дена пред јавноста ќе биде презентиран новиот пакет.