Драма на аеродромот во Тел Авив: Шолц веднаш евакуиран откако се вклучија сирените за напад

Германскиот канцелар Олаф Шолц вечерва беше евакуиран од аеродромот во Тел Авив, информираат израелските медиуми кои објавија и видео од евакуацијата.

Кога се огласи сирената за воздушен напад на аеродромот во Тел Авив, германскиот канцелар Олаф Шолц и неговиот тим лежеа на земја.

Шолц денеска го посети Израел за да изрази солидарност со таа земја по нападот на Хамас.

По неколку минути, на канцеларот и на неговите соработници им било дозволено да се качат во авионот, кој потоа полетал за Каиро.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде