Општина Кисела Вода го објави повикот до граѓаните за субвенционирање на дел од трошоците за купување на дрва за огрев.
Од денеска, во наредните пет дена жителите на Општината кои набавиле огревно дрво во периодот од 1 април годинава, можат да аплицираат за финансиски надомест во износ од 500 денари за секој купен метар кубен дрва за огрев, но до максимална вкупна количина до 10 кубни метри.
Заедно со останатата потребна документација треба да се достави доказ – потврда, испратница или официјален документ кој го потврдува купувањето на дрва за огрев.
Како што соопшти Општина Кисела Вода, исплатата ќе се врѓи по прицнипот прводојден, првоусложен, се до исполнувањето на финансиските средства, обезбедени од Буџетот на Општината во висина од 1.200 000 денари.
Јавниот повик заедно со потребната документација е достапна на веб – страната на Општина Кисела Вода, на следниот линк: https://kiselavoda.gov.mk/content-data/Broshuri/Oglas5434.pdf
Општина Кисела Вода потсетува дека и, покрај субвенциите за огревно дрво, обезбедува финансиска поддршка за печки за пелети, односно, за пелети како енергенс,
за кофинансирање при набавка на термоизолациони материјали за реконструкција на фасади на станбени згради, како и за поправка и санација на постоечки лифтови во станбени згради на подрачјето на Општината.