Се огласи Самка: Ова е башибозук држава

Судот донесе решение за запирање на кривичната постапка за случајот за „Таргет-Тврдина” за обвинетите Горан Груевски, Сашо Мијалков, Надица Николиќ, Владимир Варелов, Маријан Шумуликоски и Васил Исаковски за делата злосторничко здружување и злоупотреба на службена положба и овластување поради настапено застарување.

Со ова застаруваат кривичните дела за нелегалното прислушување за предметот, а во судница остануваат обвинетите што се опфатени со делот за ништење на опремата.

Трошоците за водењето на кривичната постапка паѓаат на товар на Буџетот на државата.

Во јавноста има бројни реакции после оваа одлука, а во низата се приклучи и Самка Ибраимовски.

„Во оваа држава тие што крадат делата им застаруваат, закон изгласан за народ нити се почитува, нити застарува, ова се вика башибозук држава“, напиша Самка на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде