Утрово убава вест за пензионерите: Следува ново зголемување на пензиите – еве кога

Согласно новата методологија за раст на пензиите тие и понатаму ќе растат два пати годишно во март и септември, објави Biznispro.com.

Секој март и септември пензиите ќе се усогласуваат со методологија која ги следи инфлацијата и просечната плата.

Со новата методологија која беше утврдена минатата година, пензијата е зголемена за 24 отсто.

Минималната пензија од 9000 денари таа согласно последното усогласување таа порасна за околу 4000 денари односно над 13.000 денари.

Во септември пензијата се зголеми за 5,3 проценти. А следното зголемување се очекува следниот март.

За тоа колку би било зголемувањето зависи од статистиките, но со најавата дека минималната плата ќе стигне 380-400 евра растот на пензиите следната година не би требало да биде минорен.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде