До смрт го претепал татко му, ја повредил мајка му, а сестрата едвај спасила жива глава: Ужасна вест го потресе регионот

Вишото јавно обвинителство во Белград донесе наредба за спроведување истражна постапка против Ф.В.(38) поради сомнение дека на 19.09.2023 година во Сурчин брутално до смрт го претепал својот татко, нанел тешки физички повреди на мајка му и упатувал закани на неговата сестра.

Осомничениот денеска откако бил пуштен од психијатриската установа каде бил сместен на лекување по извршувањето на делото е приведен и сослушан во Вишото јавно обвинителство во Белград.

Тој се бранеше со молчење, односно го искористи законското право да не дава одбрана.

Обвинителството по сослушувањето му предложи на судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Белград да му одреди притвор на осомничениот за да не влијае врз сведоците, за да не го повтори кривичното дело за краток временски период, како и поради вознемиреност во јавноста и висината на казната за кривичното дело со кое се соочува.

Наредбата за спроведување на истрагата го товари осомничениот за кривично дело тешко убиство во комбинација со две кривични дела семејно насилство.

Се сомничи дека на 19 септември околу 18:00 часот пред семејниот дом во Сурчин, Ф.В., најпрвин физички го нападнал својот татко, соборувајќи го на бетон и удирајќи го неколку тупаници по главата и телото.

Кога неговата мајка му рекла да престане да го тепа татко му, тој исто така ја удрил неколку пати во главата, поради што паднала и добила фрактура на јаболчната коска под окото.Тогаш неговата сестра која живее во соседната куќа му рекла да се смири, тој и рекол дека и таа ќе го види „својот бог“, па се упатил кон нејзината куќа, но таа успеала да се заклучи во бањата со малолетната ќерка.

Осомничениот се вратил во семејниот дом каде зел метална шипка со која неколку пати го удрил татко му по главата и телото и му нанел тешки повреди, поради кои починал два дена подоцна во болница.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде