Завчера се навршија 16 години од кобниот 16 октомври кога во 2007-та година загина најпознатиот македонски пејач Тоше Проески.
Фотографиите и видеата од смачканиот џип „Туарег“ на сите веќе им се добро познати, но речиси по многу години се појави и видео од сведоците на лице место тоа утро.
Имено на Јутјуб пред четири години се појавило видео кое е направено со мобилен телефон во тоа време, а на него се гледа како има колона возила запрени во место поради сообраќајна несреќа.
Сведокот со мобилниот телефон се приближува кон смачканиот автомобил, а во меѓувреме има и брза помош на лице место што значи дека се уште на никој не му било јасно дека тој ден Балканот ќе биде завиен во црно…
Само неколку минути подоцна, медиумите пристигнале на лице место, но на местото останал да сведочи само „Туарегот“ со траги на свежа крв.
Извор https://ubavden.net/