Наставник фатил ученик за врат и трипати го избодел со хемиско пенкало, полицијата започна истрага – Ужас во училиште во Крањ, Словенија

На почетокот на месецот во училиште во Крањ, Словенија, наставник фатил ученик за врат и трипати го избодел со хемиско пенкало.

Според словенечките медиуми, момчето е полесно повредено. Управата на училиштето го суспендирала наставникот од настава, а полицијата води истрага.

Од полициската управа Крањ потврдија дека на почетокот намесецот се справиле со напад во едно од основните училишта,

но не ги откриваат деталите, како што наведоа, поради заштита на личните податоци, секундарна виктимизација на жртвата и одредбите од Кривичниот законик.

Полициски службеници спроведуваат истражна постапка против едно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело и сите наоди ќе ги пријават до надлежното државно обвинителство, соопштија оттаму.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде