ФОТО Тешка сообраќајна несреќа помеѓу автобус и автомобил, има повредени

На бул. АСНОМ во Скопје ноќеска пред полноќ се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус на ЈСП Скопје и патнички автомобил.

 Информации за состојбата на учесниците во несреќата се очекува да соопштат Министерството за внатрешни работи и Брзата помош чии екипи биле присутни на местото на несреќата. 

На крстосницата се уште има остатоци од оштетените возила,

сообраќајот се одвива по една лента и се регулира од сообраќајната полиција.

Според очевидци, во автобусот на ЈСП немало патници.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде