Постапката е запрена поради сменети искази на членови на Управниот одбор на ЕВН, од кој клучен е претставник на Владата, објави Радио Слободна Европа.
Никој од седуммината осомничени за продажба на ниви во Малешевијата за 40 пати поскапи за изградба на фотоволтаични централи – нема да одговара.
Пропадна случајот со препродажбата на ниви во Источна Македонија, познат во јавноста како „Делчевски ниви“. Наместо предметот да се движи кон обвинителен акт се урна благодарение на пресвртот што го направиле сведоци менувајќи го исказот. Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје тврди дека немало друг избор освен да ја прекине постапката и да ја затвори истрагата.
Предметот се однесуваше на купување земјиште од ЕВН Електрани за изградба на фотоволтаични централи, кое било платено 40-тина пати поскапо од реалната пазарна цена.
Осомничени за измама беа двајца управители од компанијата, како и уште пет други лица кои се гонеа за помагање.
Истрагата на скопското обвинителството се фокусираше на тоа дека двајцата управители ги довеле во заблуда членовите на Управниот одбор за да се донесе одлука за купување на земјиштето по нереални цели.
Целиот текст прочитајте го ТУКА