Фамилијарно труење во Скопје: Снаата и синот почнале да се гушат, бабичката доживеала срцев удар

Фамилијарно труење во Скопје заврши фатално за 47-годишната жена, која денес, по четири дена на клиника ја изгубила битката за живот, објави ФОКУС.

Хоспитализиран е и нејзиниот сопруг, како и нејзината свекрва, која била во кома.

Причина за труењето е силен отров, метомил, познат помеѓу народот како ланате или ланата.

Истиот веќе подолг период е забранет во земјава, но сепак, широко е распространет и е најчеста причина за труење на кучиња, кои умираат во тешка агонија.

Со цел да се запрат шпекулациите, блиско лице на фамилијата се обрати до ,,Фокус” (идентитетот е познат на нашата редакција). Како што тврди нашиот извор, се работи за ненамерна грешка која имала кобен епилог.

-Станува збор за мајка, син и снаа. Мајката, односно бабичката, сега е во кома. На денот на настанот таа правела пита во летната кујна.

Станува збор за жена во години. Веруваме дека се случило ненамерно да стави од отровот во храната, бидејќи истиот бил претурен во тегла.

Истиот момент кога почнале да се гушат снаата и синот, бабичката доживува срцев удар.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Извор: Фокус

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде