Во 89-та година од животот почина Никола Матлиески- Пашата, поранешен градоначалник на Општина Охрид и познат стопанственик, објави Охрид прес.
Во периодот од 1996 до 2000 година, Матлиески беше прв човек на градот,
а важеше и за успешен стопанственик и прв човек на некогашниот гигант, ЕМО Охрид.
Посмртните останки на Никола Матлиески- Пашата ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Охрид во понеделник од 12:00 до 12:30 часот.
Извор: Охрид прес