Tрагедија: Пронајдено починато лице на кејот на Вардар

Во близина на болницата „Систина“, на кејот на реката Вардар, пронајдено е тело на починато лице.

Први сведоци биле случајни минувачи. Телото подолго време стоело покрај коритото на реката.

Причините за смртта не се познати, ниту пак, кога настанала. Ќе се утврдува и идентитетот на лицето.

Повикана беше полиција, која сега прави увид.

Телото ќе биде дадено и на обдукција, а треба да биде повикан и јавен обвинител.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде