Прекрасна вест: Во Скопје се роди четворка – три момчиња и едно девојче

Да се стане родител е најубавото чувство на светот, а пак родител на повеќе од едно бебе одеднаш е неверојатно.

Но, можете ли да замислите какво е чувството кога ќе ви кажат дека ќе добиете четири бебиња наеднаш?

Ова им се случи на брачниот пар Благица и Александар Зикови од Штип, кои во текот на вчерашниот ден станаа родители на три момчиња и едно девојче, дознава 4NEWS.mk

Бебињата се родени на Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје со помош на докторката Елена Ели Николовска која ја водела целата бременост.

Тазе мајката за својата докторка вели дека била позитивна и со нејзина поддршка успеале да стигнат до 31-та недела од бременоста.

Бебињата се предвремено родени, но се во добра здравствена состојба, а мајката за 4NEWS.mk вели дека е пресреќна бидејќи има вистинско богатство.

Интересно е што оваа четворка е втора по 27 години во Штип. Првата родена четворка била во 1997 година.

Нашиот тим им посакува безгрижно детство, а за родителите само радост.

Извор: 4NEWS.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде