Земјотрес ја стресе Босна и Херцеговина

Босна и Херцеговина синоќа по полноќ ја погоди послаб земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот беше на околу 50 километри од Зеница и четири километри од местото Прозор Рама на длабочина од четири километри.

„Се разбудив од спиење. Тресење како вибрација“, „Се чувствуваше малку“, „Прво пукна како топ, а потоа затресе.

Ужас и страв“ „Експлозија во земја, потоа благо тресење на просторијата, многу лошо чувство“, коментираат луѓето кои го почувствувале земјотресот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде