На 23.10.2023 полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Р.А.(33), С.С.(23) и еден малолетник, сите тројца од Штип.
При извршен претрес во домот на Р.А. биле пронајдени куршуми, додека кај С.С. била пронајдена марихуана, дробилка и сигнален пиштол.
За случајот било известено Основно јавно обвинителство Штип,
а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.