Товарен воз вчера попладне удри во задните вагони на патнички воз кај Бајраб, 80 километри североисточно од Дака.
Претставник на железницата изјави за Би-Би-Си дека несреќата најверојатно била предизвикана од грешка во сигнализацијата.
Железничките несреќи не се невообичаени во Бангладеш, поради лошата инфраструктура.
„По судирот, многу патници останаа заробени во вагоните. Повеќето од загинатите починаа на лице место“, изјавил за новинарите шефот на локалната противпожарна служба Мохамад Масуд.
Спасувачките служби се уште ги пребаруваат вагоните, па бројот на жртвите може да биде поголем.
Околу 50 лица се пренесени во болници. Властите покренаа истрага за несреќата.