Курир ексклузивно дојде во видеото од денешното пукање во Ист гејт мол.
На видеото се гледа како двајцата сега веќе повредени излегуваат од теретана и се упатуваат кон најблискиот излез и скали.
Од зад грб приоѓа лицето кое на себе има и слушалки и црна капа, по што пука кон нив и бега.
Инаку по денешното пукање во „Ист гејт мол“, едно лице е во критична состојба, а друго е пренесено на Клиниката за торакална хирургија. Информацијата за МИА ја потврди директорот на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, Љубен Арсенков.
– Двајца пациенти се примени во болницата, станува збор за две машки лица. Едниот пациент е задржан кај нас, веднаш е однесен во операциона сала поради сериозноста на повредите. Во моментов се изведува оперативен зафат кај овој пациент. Во тешка состојба е и врз него се врши оперативен зафат поради повреди во стомакот и во градната шуплина. Другиот е препратен на Клиниката за торакална хирургија. И кај едниот и кај другиот пациент се работи за прострелни рани, појасни Арсенков.
Министерството за внатрешни работи потврди дека имало пукање во овој скопски трговски центар, екипи на МВР се на терен и работат на расчистување на случајот.
ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО ОД ПУКАЊЕТО ВО ИСТ ГЕЈТ: Врз Раде Штекли е пукано како во див запад! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) pic.twitter.com/3DosqGp7OR
— Курир (@KurirMK) October 24, 2023
Извор: Курир.мк