МВР бара помош од граѓаните: Ако имате било каква информација за ова лице веднаш пријавете

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Во врска со пукањето кон две лица од огнено оружје кое беше пријавено денеска (24.10.2023) во трговскиот центар Ист Гејт во Скопје, кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош,

МВР ја информира јавноста дека на фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го изврши кривично-правниот настан.

Притоа, ги повикуваме сите граѓани доколку го забележат ова лице, имаат било какви сознанија за него или корисна информација која може да помогне во истрагата која СВР Скопје ја води во координација со Јавен обвинител,

веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде