Објавени нови детали за пукањето во Ист Гејт: Едно лице е потешко повреден, се подготвува за операција

Полицијата пристигнала на увид во трговскиот центар „Ист гејт“, каде имаше пукање, а ранет беше Раде Трајковски Штекли.

Типот на повредата засега не се знае.Истовремено, улицата пред „Ист гејт“ е блокирана, а не се знае дали лицата кои со пиштол влегле во трговскиот центар се уапсени.

Ова е вторпат, во два месеци, Штекли да биде мета. Првиот пат, не беше повреден, бидејќи управувал со блендирано возило. Тоа, се случи во гаражите на истиот трговски центар. Возилото со кое се превезувале лицата кои пукале беше пронајдено запалено кај езерото Треска.

Министерството со првични информации за пукањето во трговскиот центар „Ист Гејт мол“. Едното лице е потешко повредено и се подготвува за операција. Според извори на „Скопје1“ тоа е Раде Трајковски Штекли. Другото лице е полесно повредено.

„Денеска (24.10) од трговскиот центар Ист Гејт во Скопје е пријавено дека било пукано кон две лица кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош. Полициски екипи се упатени на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде