Полициски службеници се наоѓаат во дворот на болницата „Св. Наум Охридски“ во центарот на Скопје, по попладневнот пукање во трговскиот центар „Ист Гејт“.
„Примени се двајца пациенти со прострелни рани, во пределот на стомакот и градниот кош на различни позиции,
едниот веднаш по приемот и првичниот преглед е препратен на Клиниката за торакална хирургија, а со другиот пациент веднаш е влезено во операциона сала“, вели директорот на болницата Љубен Арсенков во изјава за ТВ21.
Директорот додава дека станува збор за сериозни повреди, но во моментов не може да прогнозира каков би бил исходот од операцијата.
Раде Трајковски Штекли имал повреди од прострелни рани , дознава Канал 5 и е во лоша состојба.
На другото лице, чиј идентитет не се соопштува, во моментов му се прави операција во болницата „Наум Охридски“ .
Тој имал прострелни рани во градниот кош и стомакот и бил донесен во безсознание, а поради тешката состојба не можел ниту да се транспортира до Ургентниот центар. Канал 5 дознава дека и двајцата се во тешка состојба.