Шеснаесетгодишно момче во училиште убило ученичка и ранило уште три лица: УЖАСНА ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ БРАЗИЛ

Шеснаесетгодишен ученик утрово влегол во училиштето Сапопемба во градот Сао Паоло и почнал да пука при што убил една ученичка со истрел во главата и рани уште три лица.

Полицијата го уапсила напаѓачот.

Нападот почнал во 7 часот и 30 минути по локално време, соопшти полицијата, а како што се наведува ученикот кој пукал бил жртва на малтретирање.

Бидејќи повеќе не можел да го поднесе малтретирањето во училиште, поточно хомофобијата, решил да го земе пиштолот на татко му. „Тој додаде дека мајката веќе поднела жалба поради малтретирањето што го претрпел нејзиниот син, а притисокот дополнително се зголемил кога тој решил да носи женска облека, изјавил адвокатот на момчето, пренесува „Ел Паис“.

Владата на Сао Паоло соопшти дека во престрелката биле погодени тројца ученици.

Еден ученик загина, а тројца се во болница, меѓу кои и еден кој беше повреден додека се обидуваше да избега. Сите жртви се женски, се вели во соопштението.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде