Три земјотреси во Србија за нешто повеќе од еден час

Три послаби земјотреси се регистрирани вечерва на територијата на Србија во временски распон од нешто повеќе од еден час.

Според информациите на Сеизмолошкиот завод на Србија, два земјотреси се регистрирани во областа Крушевац и еден во областа Нови Пазар.

Првиот земјотрес е регистриран во 18:59 часот кај Крушевац и бил со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала.

Само шест минути подоцна во истото подрачје е регистриран земјотрес со јачина од 2,2 степени.

Во 20 часот и 15 минути земјотрес со јачина од 1,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран кај Ново Пазар.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде