За инцидентот се огласи Елена Ристеска: Ова е важно да го знае целата јавност!

Една од најдобрите пејачки во Македонија, Елена Ристеска преку социјалните мрежи се огласи за инцидентот, во кој беше вмешана и самата таа.

Како што имаше информации, била нападната од друга женска личност во ноќен бар, за што информираше и полицијата.

-Чувствувам должност и почит спрема целата јавност и новинарите да ви се обратам околу натписите каде се споменува моето име.

Да, точно е дека имаше обид за напад кон мене, но за истото е поднесена кривична пријава и очекувам од полицијата да го разреши случајот.

Очекувам поддршка од сите вас бидејќи ова ми се случи без причина и повод. Не се грижете јас сум добра, ви благодарам на сите кои ми пишувате да изразите поддршка.

После 21година кариера, градење на име и реноме на пристојна и нескандалозна личност, ова за мене е нешто што мислам дека најмалку сум го заслужила и го гледам како обид да се извалка моето име.

И покрај сето ова, јас продолжувам да пеам за моите фанови.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде