Нови детали: Штекли земал туѓо возило за да го спаси младото момче кое случајно се нашло до него – се онесвестил кога стасал во болница, го спасил од сигурна смрт

Она што вчера се случуваше во Ист Гејт Мол може слободно да биде транскрибирано во филмско сценарио на кое и најголемите холивудски блокбастери можат да подзавидат.

Bо престрелката во Ист Гејт повредени се две лица, а мета на нападот бил Раде Трајковски-Штекли. На нив било пукано со автоматски пиштол „Шкорпион“ од зад грб што беше потврдено од објавеното видео на социјалните мрежи.

Како што дознава Инфомакс, Штекли бил погоден во предлог на градите, но и покрај тешката повреда со која се здобил останал свесен и сторил се за да го спаси момчето кое случајно се нашло со него.

Имено Штекли вежбал во теретаната во Ист Гејт каде што по втор пат се случува обид за негово убиство, а со момчето кое е потешко повредено случајно се сретнал во фитнес клубот.

Штекли откако прекинало пукањето го зел во раце момчето кое било потешко рането и во безсознание и во целата ситуација не можејќи да го најде својот автомобил зел охридско БМВ кое било оставено во пералната во Ист Гејт.

Веднаш потоа се упатил кон градската болница каде само што стасал се онесвестил од тешките рани кои и самиот ги претрпел.

Реалноста е дека Штекли го спасил неговиот живот и му дал шанса за да се избори бидејќи ако се чекало на амбуланта момчето веројатно ќе починело.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде